Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Над оваа земја експлодираше метеор, па имаше земјотрес

(ВИДЕО) Над оваа земја експлодираше метеор, па имаше земјотрес

Силна експлозија вчера имаше на небото над американската држава Мичиген.

Блесокот и експлозијата се снимени од многуте камери на автомобилите, но и од безбедносните камери на објектите.

Како што објави американската Национална метеоролошка служба, речиси сигурно се работи за метеор што навлегол во атмосферата на Земјата, согорел и на крајот експлодирал.

Некои жители на Мичиген кажале дека нивните домови се треселе. Имало илјадници повици од загрижени граѓани. 

Геолошката служба на САД информира дека е регистриран како земјотрес со јачина од 2 степени во Мичиген.

Бил Кук од Канцеларијата за метероиди на НАСА за Детроит Њуз изјави дека е „дефинитивно метероид“ и ретка глетка за Мичиген, пренесе АП.


Слично

Поврзани вести