Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Над 500 повредени при експлозија во тајвански аквапарк

(ВИДЕО) Над 500 повредени при експлозија во тајвански аквапарк

Бројот на настраданите во експлозијата, што избувна во тајвански аквапарк, во градот Синбеи, се искачи на 516 лица, пренесуваат локалните медиуми.

Настраданите се со изгореници на кожата, повреди на дишните патишта и други различни трауми.

Наводно, 194 од повредените се со особено тешки повреди. Засега нема информации за загинати.

Настраданите се транспортирани до 39 болници околу реонот на несреќата.

Инцидентот се случил во 20:30 часот по локално време, додека во аквапарк се спроведувал фестивалот на боите „Color Play Asia“.

Беше објавено дека на главната сцена избувнал пожар, по што избувнала и експлозијата. Засега не е јасно што е причината, но е можно експлозијата да е предизвикана од разнобојниот прав, кој бил во воздухот.

На местото на несреќата немало лекови и опрема за спасување. Немало и болничари.

Според очевидци, ситуацијата по експлозијата била „како во пеколот“. Некои од луѓето почнале да скокаат во водата за да се спасат.

По експлозијата се создал хаос и пристигнатите итни екипи тешко се пробивале кон настраданите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UVCF8nIZ-iU[/embed]
Слично

Поврзани вести