Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАД 1.000 ЖРТВИ И МИЛИОНИ РАСЕЛЕНИ: Пакистан моли за помош по разорните поплави

(ВИДЕО) НАД 1.000 ЖРТВИ И МИЛИОНИ РАСЕЛЕНИ: Пакистан моли за помош по разорните поплави

Пакистан моли за помош поради катастрофата од монсунските дождови кои ја погодија земјата во најлош момент. Од јуни досега загинаа повеќе од 1.000 луѓе, а милиони се раселени.

Во северозападниот дел на земјата, илјадници луѓе ги напуштија своите домови откако реките во провинцијата Хајбер Пахтунхва се излеаја од коритото, предизвикувајќи силни поројни поплави. Разорена е и провинцијата Синд во југоисточниот дел.

„САД, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и други земји придонесоа за апелот за катастрофата од монсуните, но потребни се повеќе средства“ изјави за Би-Би-Си претставникот на Министерството за внатрешни работи Салман Суфи.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека 33 милиони луѓе се погодени од поплавите, односно околу 15 отсто од населението во земјата. Поплавите се честа појава во Пакистан. 

Фото EPA-EFE/FAISAL KAREEM


Слично

Поврзани вести