Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Над 100 турски рудари се заробени во рудник по силна експлозија

(ВИДЕО) Над 100 турски рудари се заробени во рудник по силна експлозија

Турски рудари се заробени во рудник по силна експлозија која се случила попладнево по 18 часот. 

Пожарникарите и многу медицински екипи се на терен во градот Бартин за да им помогнат. Телевизијата „А Хабер“, која се повикува на локалните власти, информира дека на лице место, на длабочина од 300 метри, имало 115 рудари, пренесува РИА Новости. Четворица рудари успеале да излезат од јамата, а турските медиуми јавуваат дека засега нема информации дали некој загинал.

 

Слично

Поврзани вести