(ВИДЕО) НА УЛИЦИТЕ НА ПАРИЗ КАКО ВО ВОЈНА: Демонстрантите бараат оставка од Макрон
„Врие“ во Франција. Во главниот град Париз синоќа се одржаа нови протести против усвоената реформа на пензискиот систем со која се предвидува зголемување на минималната старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години. Илјадници луѓе имаше на протестите и во другите градови низ државата. Повторно демонстрантите се судрија со полицијата на плоштадот Конкорд во близина на зградата на Националното собрание. Полицијата употребила солзавец.
Демонстрантите бараат оставка од претседателот Емануел Макрон. Француската премиерка Елизабет Бурн претходно покрена специјална процедура за усвојување на непопуларниот предлог-закон за пензиските реформи во Националното собрание без гласање, среде извици и скандирања на пратениците од левицата кои вееја транспаренти против пензиските реформи. Според синдикатите, протестите ќе се интензивираат.
Фото:EPA-EFE/TERESA SUAREZ
