Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА СОПРУГОТ МУ ГОТВИ ОБРОК И МУ НАПЛАЌА ПО 11 ЕВРА: Жената која го сподели ова доби критики

НА СОПРУГОТ МУ ГОТВИ ОБРОК И МУ НАПЛАЌА ПО 11 ЕВРА: Жената која го сподели ова доби критики

Жена по име Реј е активен член на социјалните мрежи, каде што редовно споделува содржини од својот приватен живот. Сепак, едно видео, кое го објави и на TikTok, предизвика дискусија меѓу корисниците на мрежата.

Реј секој ден подготвува богат ручек за својот партнер, а она што треба да биде знак на внимание и грижа за саканата личност е нешто сосема друго за неа - можност за заработка.

„Му наплаќам на партнерот 10 фунти (околу 11,48 евра) дневно за да му подготвам ручек за на работа. Ако тој потроши 10 фунти во „Мекдоналдс“ или некаде на друго место и ќе ги стави тие пари во џебот на странец, зошто да не ги стави во мојот џеб?“, објасни таа во видеото.

Со ова видео, жената си навлече критики, но некои сепак ја поддржаа. 

foto printskrin

Слично

Поврзани вести