(ВИДЕО) На прагот на нуклеарна катастрофа: Околу украинската нуклеарка радијација 16 пати повеќе од дозволеното!
Инцидент во украинската нуклеарна електрана Запорожје. Како што јавуваат медиумите од местото на настанот од електраната, инаку најголема во Европа излегува радиоактивен материјал и загадувањето е повеќе од 16 пати поголемо од дозволеното.
Неофицијално проблемот настанал кога работниците во електраната, како што стои во извештајот, се обиделе д аги заменат шипките за гориво на руското производство со американско.
Истата електрана била веќе гасена поради дефекти, тогаш несреќата се случила во третиот блок во погон на производство, но после затварањето на Украинскиот Инспекторат за нуклеарна енергија соопштил дека после затварањето на нуклеарката не регистрирала зголемена радијација.
После два дена нуклеарката продолжила со вообичаена работа ... Агенцијата Интерфакс пренесува дека проблемот се случил во ракторот во Блок 13, кој има 1000 мегавати. Фирмата која управува со централата објавила дека проблемот настанал во единицата за производство на електрична енергија.
Вознемиреноста поради нуклеарната безбедност во Украина е многу голема, бидејќи земјата и денеска се бори со последиците од нуклеарната катастрофа во Чернобил од 1986 година.
