(ВИДЕО) На југот од Австралија пожарите надвор од контрола
Во пожарите кои го зафатиле јужниот дел од Австралија, изгореле повеќе куќи , а претставниците предупредуваат дека таа држава се соочува со најголемата опасност после смртоносните пожари од 1983 година.
Живописното брдо Аделајд североисточно од истоимениот градм се соочуваат со „исклучително опасни пожари“кои со силен ветер и најавени високи температурим е невозможно да се запрат.
„Во овој момент, имаме пожар кој е многу опасен и кој гори под многу неповолни услови“, рекол шефот на пожарната служба на Јужна Австралија Грег Нетлтон.
Пожарот во Самсон Флету се шири непрстајно во сите правци и на непредвидлив начин, а од петокот попладне од 154 хектари се проширил на 4,741 хектари на подрачје од околу 38 км.
Досега се уништени пет куќи, а претставници велат дека тој број може да се зголеми, бидејќи ветровите достигнуваат брзина до 110 км/ч.
