(ВИДЕО) На Исламска држава и се заканува уништување: Зошто ова оружје го викаат „пламен на сонцето“?
Русија во Сирија доопремува со ракетен лансер TOS-1A кој важи за едно од најопасните оружја на оваа држава. Планот е со него целосно да се онеспособи Исламска држава, со оглед на силата на ова оружје кое може со еден удар да уништи осум градски блокови.
Кремљ уште не ја потврдил информацијата која се појави после соопштението дека руски авиони во вторникот уништиле 40 мети на територијата на која контролира Исламска држава.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/O0VhwnpSceM[/embed]TOS-1A е систем на ракетен лансер со термобарично оружје кој се монтира на шасјата на тенкот T-72. Оружјето има и свој надимак „пламен на сонцето“.
Таканаречените термобарични боеви глави наводно веќе се доопремени во Сирија. Овие проектили распрскуваат течност по мети, која потоа се пали и ги уништува. Штетата која ја предизвикува ова оружје е ЦЕЛОСНА.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/DbMp4VYqAOE[/embed]
