(ВИДЕО) На Асад му стигна помош од Путин: Ова се првите снимки од руски авиони во Сирија спремни за борба!
Француската ТФ1 објави снимка од руски авиони на аеродромот во Латакија. На снимките се гледаат авиони паркирани покрај аеродромот и покриени со зелени прекривки.
Сирија претходните денови доби нови борбени и извиднички авиони од Русија за борба против Исламската држава, наведуваат извори од сириската војска.
„Нашата авијација ја превзеде испораката на најмалку пет борбени авиони од Москва, како и извиднички авион кој ни овозможува воочување на мети со голема прецизност“, потврдил висок сириски претставник во изјава за агенцијата АФП.
Истиот извор рекол дека авионите стигнале минатиот петок во воената база во сириската провинција Латакија, традиционално жариште на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Москва исто така испорача софистицирана воена опрема за борба против ИС, додаде истиот извор.
Вчера генералниот секретар на НАТО Филип Бридлов рекол дека е загрижен поради јакнењето на руски воени сили во Сирија, напоменувајчи дека Русија во Сирија пратила многу напредно оружје отколку она што е потребно за борба против Исламска држава и тоа со цел да го заштити Башар ал Асад.
„Се работи за софистицирано противавионско оружје“, рекол Бридлов и навел дека не видел претставници на ИСИС кои летаат во авиони за чие уривање се потребно такви ракети.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/jeL1kdtrnQg[/embed]