Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Муслиманка исфрлена од митинг на Доналд Трамп

(ВИДЕО) Муслиманка исфрлена од митинг на Доналд Трамп

Муслиманка која мирно искажала протест против претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп,  беше исфрлена од неговиот собир.

Жената на неговиот митинг отишла со маица со натпис „Салам, доаѓам во мир“, и жолта ѕвезда на која пишувало „муслиман“.

images

Веднаш штом станала за време на говорот на политичарот, присутните почнале да го довикуваат Трамп и со прст да покажуваат во муслиманката Роуз Хамид и Марти Розенблат, маж кој го следел нејзиниот пример.

Веднаш потоа обезбедувањето ја исфрлило од собирот, а за тоа време Роуз тврди дека неколкумина викале „Таа носи бомба”.

„Меѓу нас постои неверојатна омраза, но тоа е нивна омраза, а не наша“, рекол Трамп.

Инаку, ова следува откако републиканскиот кандидат предложи да им се забрани влез во САД на сите муслимани, поради како што вели, опасноста од тероризам.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Hb70YXo3gxo[/embed]
Слично

Поврзани вести