(ВИДЕО) Му зборуваа дека е луд кога почнал да копа дупка: Сега е на пат да стане милионер!
Љубител на историјата потрошил 12 години цела животна заштеда, која изнесувала околу 50 000 евра за купување на земја во која, верувал дека е скриено богатство или некоја слична вредност. И чуството не го излажало-на таа локација е откриен изгубен средновековен град.
Стјуарт Вилсон купил поле во Јужен Велс пред повеќе од деценија бидејќи верувал дека таму се крие важен дел од историјата. Неговото верување станало факт кога го ископале средновековниот град Трелех, пишува Дејли меил.

Се претпоставува дека датира од 13 век и дека во него живееле околу 10 000 луѓе што за тоа време го прави многу голем град, а помеѓу останатите таму живеело семејството Де Клар кое поттикнувало производство на грозје.
Вилсон и неговата екипа пронашле дворец со две големи сали и двор опкружен со масивни ѕидови и кули.

Внатре во комплексот се откриени разни соби, сите со камини, потоа бунар во кој се откриени речиси неоштетени средновековни метални лонци, дрвени предмети и делови од кожни чевли.
Вилсон, кој претходно работел на наплатни рампи, мора да се всели назад кај родителите како би можел себе си да си го дозволи полето на соништата. Но, среќен е што наоѓалиштето се покажало значајно.

За споредба, Лондон во тоа време како најголем град имал 40 000 жители, така да бројката од 10 000 жители е многу значајна. Популацијата според досегашните сознанија нараснала во само 25 години додека на Лондон му требале 250 години за популација од 40 000 луѓе. И тоа го говориме само за планирано населување.
Веројатно постоеле и населбички како денешните предградија, па бројката лесно може да се искачи на 20 000 жители.
На Вилсон годишно им се приклучуваат стотици доброволци како би му помогнале со ископувањето, а тој сега таму планира да изгради едукативен центар.
