(ВИДЕО) МРЕЖА ГИ ЛОВИ ТЕЛАТА ВО РЕКАТА ГАНГ: Страотни слики од ужасот во Индија
Не запираат страотните фотографии и видеа кои доаѓаат од Индија и пчокажуваат колку е очајна борбата со коронавирусот. Во реката Ганг е поставена мрежа со која се „ловат“ трупови на починати од вирусот.
Властите во северна Индија ја поставиле мрежата. Локалните медиуми пишуваат дека 25 тела биле пронајдени и во областа Гахмар во Утар Прадеш.
Откривањето на 71 тело во државата Бихар го оживеа стравот од вирусот. Обдукциите покажале дека луѓето починале пред 4-5 дена. Мештаните веруваат роднините кои немале пари да купат огревно дрво за традиционално кремирање ги пуштиле телата во реката. Бројот на починати од коронавирус во Индија ја надмина границата од 250.000. Пандемијата не стивнува во огромната земја со население од 1,3 милијарди луѓе.
