(ВИДЕО) МОСКВА СЕ ПРОТИВИ: Една земја се закани дека ќе интервенира во Сирија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се закани дека воена операција во сириската покраина Идлиб е „само прашање на време“, откако по разговорите со Русија не беа исполнети турските барања.
Ердоган се закани дека наскоро ќе почне воена офанзива на северозападот на Сирија, каде деновиве трае судир на турските и сириските сили.
„Ова се нашите последни предупредувања. Некоја ноќ може да се појавиме без предупредување. Да бидам подиректен, операцијата во Идлиб е пред вратата““, се закани Ердоган.Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека Москва остро се противи на таква операција, но дека Москва и Анкара се во контакт за да се обидат да спречат ескалација на тензиите во Идлиб.
Турција вчера ѝ порача на Русија дека турската војска е спремна да се погрижи сириските сили, кои ги поддржува Москва, да се повлечат од последното бунтовничко упориште на северозападот на Сирија. Сириската армија пред два дена соопшти дека презела целосна контрола над десетици градови во северозападниот дел на покраината Алепо.
