(Видео) МОСКВА: 11 лица загинаа во подметнат пожар во фабрика
Експлозија предизвика голем пожар во текстилна фабрика во источниот дел на Москва. На местото на несреќата за сега се пронајдени eдинаесет тела, јави RT.
Полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат. Во близина на фабриката била пронајдена запалива материја, па полицијата се сомнева дека подметнувањето на пожарот е направено за да се прикрие друго злосторство.
Идентитетот на жртвите не е познат, а се уште не се знае дали тие загинале во огнената стихија или претходно биле убиени.
Од полицијата потврдија само дека огнената стихија брзо се проширила и уништила околу 3000 м2 од објектот за шиење на облека во улицата Строминка во источна Москва.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/J6gjbSmkH5U[/embed]
Слично


