(ВИДЕО) МОРНИЧАВИ ГЛЕТКИ: Сведок го опишува уривањето на мостот во Џенова како апокалиптична сцена
Во близина на Џенова денеска се урна надвозник кој сочинува дел од автопатот, а претставници тврдат дека има повеќе мртви и дека е можна трагедија од огромни размери.
Засега се верува дека има најмалку 10 мртви.
Министерот за сообраќај Данило Тонинели предупредил дека ова веројатно е „огромна трагедија“.
Eден од сведоците рекол дека видел „осум или девет“ возила на патот во моментот кога се урнал, со што дал опис на „апокалиптична сцена“.
Снимките од воздухот најдобро ги покажуваат размерите на катастрофата, а дел од мостот кој се урнал е долг 100 метри.
Foto: Twitter/Printscreen
Слично
