(ВИДЕО) Морбидно: Снимки од судирот на хеликоптери во Аргентина и смртта на три француски звезди
Објавени се снимки од судирот на два хеликоптери во аргентинската северозападна област Ла Риоха после кој животот го изгубија осум лица, меѓу кои се и три француски звезди на спортот.
Меѓу загинатите најпозната е олимписката шампионка на 400 метри слободно Камиј Муфа. Заедно со неа биле поранешната едриличарка Флоранс Арто и боксерот Алексис Вастин.
Канцеларијата на францускиот претседател потврдила дека во хеликоптерската несреќа која се случила во Аргентина загинале осум нивни државјани, од кои тројца биле прославени спортисти.
Популарното ТВ шоу „Дроппед“ на француската ТФ1 телевизија за учесници ги има познатите Французи кои се снимени како преживуваат откако хеликоптери „ги исфрлат“ во дивината.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=YoFob0xJnbs[/embed]
Слично


