(ВИДЕО) Моментот кога концертот во Париз се претвори во масакр
Еден од вчерашните атентаторски напади во Франција беше организиран во концертната сала „Батиклан”, каде се одржуваше концерт на калифорниската група „Eagles of Death Metal”.
На последното видео од концертот, се слушаат истрелите од автоматско оружје на тетористите кои парискиот концерт го претворија во крвопролевање.
Нападот на концертната сала започнал за време на изведувањето на шестата песна, која била прекината со рафалали, а членовите на бендот "Eagles of Death Metal" побегнале низ вратата зад бината.
Во салата убиени се стотина луѓе, од кои поголем дел се млади лица кои дошле да го слушаат настапот на групата.
Голем дел од нив се застрелани со автоматско оружје, а другите го загубиле животот во атентаторска експлозија.
Во вчерашната катастрофална несреќа во Франција загинаа 129 луѓе, а над 350 се повредени.
По нападите, Франција ги затвори границите и прогласи воена состојба.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/g6B0QXUvDFI[/embed]