(ВИДЕО) МОМЧЕ ПРАЌА ПОРАКА ЗА СОЖИВОТ: Христијанин дели вода и урми на муслиманите кои не стигнале за ифтар во Појасот Газа
Млад христијанин им дели вода и урми на муслиманите кои доцнат на ифтар во Појасот Газа.
Ихаб Ајад, млад христијанин кој живее во блокираниот Појас Газа, секоја вечер на улиците дели вода и урми на муслиманите кои постат, а сѐ уште не стигнале до своите домови за ифтар.
„Христијаните во палестинското општество не чувствуваат дискриминација, напротив – нашите цели и страдања се заеднички… На муслиманите им делам вода и урми, според мојот буџет. Оваа активност ќе го зајакне духот на братството, љубовта и врската меѓу муслиманите и христијаните. Ги чувствуваме заморот и тешкотиите на долгиот ден на постот“, изјави 29-годишниот Ајад.
Со овој свој гест сака да испрати порака за соживот. Тој е невработен, но урми купува од својата заштеда. Инаку, во Појасот Газа често има судири меѓу палестинските групи и израелската армија.
Слично
