Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Момче падна во провалија од 30 метри и преживеа

(ВИДЕО) Момче падна во провалија од 30 метри и преживеа

Момче падна во длабок кањон и преживеа. 

Момчето преживеа пад од височина од скоро 30 метри во Големиот Кањон во американската сојузна држава Аризона. На спасувачите им беа потребни два часа за да го извлечат Вајат Кауфман на безбедно. Повреденото момче со хеликоптер е префрлено во болница, но потоа го пуштиле на домашно лекување. Вајат за локалната телевизија раскажа дека паднал откако се поместил за да не им влезе во кадар на луѓето кои се фотографирале на самото место. Тој се лизнал и со едната рака се држел за камен, кој потоа му се лизнал од раката и почнал да паѓа.

„Само се сеќавам дека се разбудив за секунда и бев во амбулантно возило и хеликоптер и ме качија во авион“, изјави Кауфман. 

Тој имал скршени девет пршлени, му пукнал слезината, ја скршил раката, а белите дробови почнале да му откажуваат. Вајат е спасен благодарение на брзата интервенција на тимот на Националниот парк Гранд Кањон, кои се спуштиле од карпата до него, затоа што процениле дека хеликоптерот нема да може да слета поради неповолниот терен. Во светот имаше многу несреќи кога луѓе со автомобили или автобуси излетуваа во кањони и провалии. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести