(ВИДЕО) МОЌТА НА ПРИРОДАТА: Поплава ја „однесе“ болницата во Нербаска
Болница во Небраска објави шокантна видео снимка на која е забележан моментот кога за време на поплава воден бран целосно ја пробива стаклената влезна врата и прозорците и носи се пред себе.
Во долниот дел на болницата, каде се наоѓа кантината, веќе имало вода, па персоналот и пациентите се повлекле на скалите и гледале што се случува. Но кога надошол силен воден бран, побегнале во паника.
Снимката од поплавите кои се случија викендов, а беа предизвикани од силна бура и пороен дожд, болницата ги објави на својот Фејсбук профил. Погледнете ја разорната моќ на природата:
http://www.youtube.com/watch?v=92X5VyBZvUE
Слично
