(ВИДЕО) Модерен „чамец на Ное“ – еве што се чува за случај на апокалипса!
Повеќе од 20.000 примероци семе од различни растенија од повеќе од 100 држави во светот се ставени во Глобалниот трезор за семки Свалбард, кој се наоѓа во Норвешка. Во изминатите шест години, научниците од цел свет собирале семенски материјал од преку 800.000 растенија за да го зачуваат биодиверзитетот на Земјата доколку се случи катаклизма од глобални размери.
Бразилски грашок, неколку варијанти на јачмен див компир и „чери“ домати се само дел од растенијата од кои се чува примерок во трезорот, пренесува Индипендент.
Изградбата на овој трезор чинела речиси 6,5 милиони евра, а дизјаниран е така да може да преживее глобална катаклизма - нуклеарна војна, удар на астероид и екстремни временски непогоди.
Влезот на трезорот се наоѓа во планина и од таму води 125 метри во нејзината длабочина. Таму зад 4 врати со вакуум се наоѓаат три сефа во кои вкупно можат да се складираат две милијарди примероци семе. Со оглед на тоа што се наоѓа под мраз и длабоко во планински масив, семките таму можат да преживеат и без климатизација.
Повеќе во видеото:
http://www.youtube.com/watch?v=gFAcyJxIguA
Слично
