Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МИСЛЕЛЕ ДЕКА Е ЗЕМЈОТРЕС: Силна експлозија во Турција, има повредени

(ВИДЕО) МИСЛЕЛЕ ДЕКА Е ЗЕМЈОТРЕС: Силна експлозија во Турција, има повредени

Експлозија денеска имаше во турската област Коџаели, а најмалку 4 лица се повредени. Тие се задржани во болница.

Експлозијата се случила во 14 часот и 40 минути во еден од магацините на пристанишниот град Деринџе на Мраморното Море. Испратени се возила на Итна помош, пожарникари и полиција. Градоначалникот на Деринџе, Зеки Ајгун објави дека во експлозијата има повредени, јави државната телевизија ТРТ-Хабер.


Ајгун за ТРТ-Хабер изјави дека експлозијата била толку силна што луѓето мислеле дека се работи за силен земјотрес. Коџаели се наоѓа на 95 километри источно од Истанбул. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести