Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Мини „цунами“ удри во холандски брег

Видео: Мини „цунами“ удри во холандски брег

На европските крајбрежја ретко се гледаат големи бури, уште помалку страшни цунами бранови како во Јапонија, но сепак Зандворт во Холандија и тоа во дел кој е наменет за туристи со комплекс на плажи беше погоден од силно невреме при што се формирало мини „цунами“.

Според првобитните извештаи, средно висок бран се приближувал кон брегот, а неговата висина изнесувала нешто повеќе од 2 метри.

Асистентот кој работи во павилјонот на плажата вели дека го разбудил силен ветер, а набрзо забележал дека неколку лежалки се веќе во морето. Во рок од 5 минути, ветерот го однел целиот инвентар од плажата, кој не бил прицврстен.


Слично

Поврзани вести