Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мигранти нападнаа жена и пензионери во метрото на Минхен

(ВИДЕО) Мигранти нападнаа жена и пензионери во метрото на Минхен

Група мигранти нападнаа двајца пензионери во метрото на Минхен, кои застанале зад една жена. Шокантните снимки од нападот, снимени на смартфонот на Том Рот, се ставени на YouTube.

Според зборовите на авторот на видеото, инцидентот се случил откако еден од мигрантите почнал да малтретира жена и ја ставил раката на нејзиното рамо, пренесе Daily Mail.

Жената го оттргнала бегалецот, а тој со сета сила удрил во прозорецот на вагонот, што било прифатено како агресивен акт од патниците во возот.

„Кога зад жената застанаа двајца возрасни Германци, тие беа нападнати од мигрантите“, рекол очевидец. „Тоа се случи во самиот центар на Минхен сред бел ден.“

Другите патници, околу 10-15 души, според зборовите на очевидец, помогнале „ситуацијата да биде ставена под контрола“. „Кога возот пристигна на автобуската станица, веднаш повикав полиција“, сведочи тој. Но пристигнатите чувари на редот информирале дека ништо не може да се направи во дадена ситуација, „немаат доволно основи“.

„Многу ми е жал за луѓето кои имаат потреба од помош - нагласува Рот.

- Но е потребно нешто да се преземе против насилството и навредливиот однос кон опкружувањето. Многу од бегалците за азил без никаква почит се однесуваат кон жените, грубо кон мажите - дури кон постарите, да не зборуваме веќе за нашите закони и полицијата“.

Последниот инцидент е само еден од цела серија напади во Германија, пред сè над жени.

Во последните недели полицијата примила бројни жалби од жени од многу германски градови, кои се пожалиле од сексуални напади од страна на мигранти. Најголем број прекршители на редот се регистрирани во Келн, каде што околу 1.000 мигранти, кои се собраа на централниот плоштад во новогодишната ноќ, извршија напади врз жени. Во моментов полицијата примила повеќе од 600 жалби, а жртвите пријавиле грабежи, навреди и силувања.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/NgXk1yAc6zM[/embed]
Слично

Поврзани вести