Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мигинго: Како 500 луѓе опстануваат на остров голем колку фудбалски терен

(ВИДЕО) Мигинго: Како 500 луѓе опстануваат на остров голем колку фудбалски терен

Не ни преостанува ништо друго освен да заклучиме дека жителите на островот Мигинго имаат силно чувство на заедништво.

Имено, помеѓу Уганда и Кенија се наоѓа мало рибарско село големо колку фудбалски терен кој дом го нарекуваат дури 500 жители.

На ваков мал простор се наоѓаат куќи, берберница и повеќе од еден бордел.

Колку внимателно е искористен секој метар од овој остров сведочи фактот дека куќите лежат една на друга, посебно ако земеме предвид дека на 2 000 квадратни метри доаѓаат дури четири квадратни метри за секој жител, поточно едно челична просторија.

Воглавно жителите се занимаваат со риболов, а токму тоа е и она што ја одржува економијата на овој остров.

Втор, мрачен аспект на трговијата исто така доаѓа со брод.

Жените од соседна Кенија, Танзанија и Уганда доаѓаат на овој остров за да се занимаваат со проституција.


Иако жителите на Мигинго можеби живеат во хармонија, токму тоа е локација која е повод за „најмала афричка војна“.

Позицијата на островот е во центарот на езерот Викторија околу кој Кенија и Уганда војуваат со години. Уганда дури прва го прогласи овој остров рај за пирати, па дури почна да апси и рибари. Кенија која тврди дека островот и припаѓа на Уганда испрати маринци да се занимаваат со островјаните.

Пред да ескалира конфликтот во 2009година е донесена одлука дека островот и припаѓа на Кенија иако луѓето кои живеат на него се граѓани на двете држави.

фото:Picture: Yasuyoshi Chiba/AFPSource:AFP,  The Standard

Слично

Поврзани вести