Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ми рече дека никогаш нема да се откаже - егзекутираниот војник разговарал со својата мајка

(ВИДЕО) Ми рече дека никогаш нема да се откаже - егзекутираниот војник разговарал со својата мајка

Олександр Мациевски (42), војник на територијалната одбрана на регионот Черниговски кого Русите го егзекутираа откако ги изговори зборовите „Слава на Украина“ е од Молдавија.

Убиен е на 30 декември. Снимка од неговата егзекуција се појави пред неколку дена. 

„Не спиев цела ноќ. Почувствував некакво олеснување кога видов како мојот син починал. Тешко е, но ја видов вистината. Го видов ликот на мојот син, толку нескротлив. Ми рече дека никогаш нема да се откаже“, вели мајката на херојот.


Пред војната, Олександр работел како електричар во Киев, но доброволно отишол да ја брани татковината. На крајот на 2022 година, тој и неговите четворица воени колеги извршија борбена мисија во градот Соледар, регионот Доњецк, од каде никој не се врати жив.

Олександар разговарал со мајка си на 29 декември, ден пред неговата смрт.

На 12 март, украинскиот претседател Володимир Зеленски му ја додели титулата Херој на Украина. Молдавија го осуди убиството на војникот. 

„Министерството за надворешни работи најостро го осудува убиството на државјанин на Молдавија. Ова е чин што може да се квалификува како воено злосторство и грубо прекршување на меѓународното хуманитарно право. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите на Александар Мациевски“, соопшти Министерството за надворешни работи и европски интеграции на Молдавија. 

Во Бахмут има жестоки борби, но и голем број жртви и на руската и на украинската страна. 

Слично

Поврзани вести