(ВИДЕО) Метеорит удри Французинка додека седела на тераса
Meтеорит погоди жена во Франција додека седела на тераса.
Жената пиела кафе на североистокот на Франција на почетокот на јули, кога ја погодил метеорит.
Случаите во кои метеорити погодуваат луѓе се исклучително ретки, но оваа Французинка е сепак меѓу нив откако метеорит ја погодил во ребрата додека седела на терасата. Прво слушнала звук на покривот, а потоа осетила и удар во ребрата.
„Помислив дека е животно, лилјак или парче цемент“, изјавила таа.
Но, се работело за мало парче карпа кое се одбило од покривот и ја удрило жената во градите.
Таа фрагментот го однела кај геологот д-р Тиери Ребман, кој преку анализа утврдил дека тоа е карпа со вонземско потекло. Во Франција во 21 век имало 5 инциденти поврзани со метеоритите. Пред една недела метеорит падна во Бугарија.
