Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МЕРКЕЛ СТИГНА КАЈ ТРАМП: Главни теми финансирање на НАТО и односите со Путин

(ВИДЕО) МЕРКЕЛ СТИГНА КАЈ ТРАМП: Главни теми финансирање на НАТО и односите со Путин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска стигна во посета на Вашингтон каде прв пат се среќава со новиот американски претседател Доналд Трамп.

Меркел во Белата куќа ја дочека Трамп, а лидерите после ракувањето и позирањето со насмевки пред камерите, се упатиле кон Овалната соба, пренесе АФП.

На почетокот на состанокот Меркел и Трамп 15 минути разговарале во четири очи - на предлог на американскиот претседател, пренесоа германски медиуми со напомена дека тоа била ретка пракса на канцеларката со претходните шефови на Белата куќа Барак Обама и Џорџ Буш.


Трамп веќе повеќе пати побара од европските земји да ги зголемат своите вложувања во НАТО сојузот, кој остро го критикуваше.

Тој исто така ќе разговара со Меркел за односите со рускиот претседател Путин.

„Претседателот ќе биде многу заинтересиран да ја слушне канцеларката за нејзините искуства во комуникација со Путин“, рекол пред новинарите висок претставник од администрацијата.

Потоа се планирани разговори на двете делегации, и заедничка конференција за медиумите и вечера.

Слично

Поврзани вести