Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МЕЛОДИЈА НА АВТОПАТ: Граѓаните се лутат

(ВИДЕО) МЕЛОДИЈА НА АВТОПАТ: Граѓаните се лутат

Ако се возите со автопатот кој поминува покрај холандското село Јелсум, немојте да се изненадите кога ќе слушнете како патот свири мелодија. 

Новитетот осмислен како начин патувањето низ монотоната рамница да се направи пожив на тој начин што на патот се поставени попречни прагови, се повеќе предизвикува противење меѓу локалните жители кои изјавуваат дека константното одѕвонување на истата мелодија ги полудува, објави агенцијата „Ројтерс“. 


Мелодијата настанува кога автомобилските тркала преминуваат преку праговите предизвикувајќи тактилни вибрации. Кога возилото се движи со дозволена брзина од 60 километри на час – патот беспрекорно ја свири химната на покраината Фризија – северниот регион на Холандија кој има посебен јазик и култура. 

Но, мелодијата е толку гласна и со оглед на тоа што звукот патува низ воздухот, локалните жители изјавуваат дека музичкиот пат направил бескрајна какофонија, која ги држи будни по цела ноќ. 

Властите на Фризија се согласиле да ги отстранат праговите. 

Слично

Поврзани вести