(ВИДЕО) МЕДВЕДЕВ БЕСЕН: Соборувањето на воениот авион е злосторство!
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев вели дека уривањето на рускиот авион е безобзирна злостроничка акција на турските власти и дека ќе има три последици.
„Прва е опасно влошување на односите меѓу Русија и НАТО, кое не може да се оправда со никакви интереси, вклучувајќи и заштита на државните гранции“, рекол Медведев за новинарите по доаѓањето во Јекатеринбург после повеќедневна посета на Југоисточна Азија.
Втора последица е, наведува, „тоа што Турција со своите акции демонстрираше поддршка на милитантните активисти на терористичката организација Исламска држава“.
Тоа не е изненадувачки, ако се земат предвид достапните информации за директен финансиски интерес на некои турски претставници поврзани со снабдување на нафтени производи кои се произведуваат во фирми кои се во раце на ИС“, истакнува Медведв.
Како трета последица на турската акција го наведува поткопувањето на долгогодишните добрососедски односи помеѓу Русија и Турција, вклучувајќи ја соработката во областа на економијата и хуманитарната сфера.
„Тешко ќе биде да се отстрани штетата нанесена на добрососедните односи на Русија и Турција, вклучувајќи ја и економската соработка“, истакнува рускиот премиер.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Vmv6QDYJsV4[/embed]