Маж се закани дека ќе се разнесе во Данска
Полицијата во градот Ноборг, Данска, задржа маж кој се закани дека ќе се разнесе.
22-годишниот маж од иранско потекло се качи на покривот на центар за сместување на бегалци и се закани дека ќе активира експлозивна направа. На местото беа испратени вооружени полицајци, а луѓето од бегалскиот центар беа евакуирани. Областа околу зградата беше блокирана и привремено беа забранети летовите над градот. Преговорите со младиот маж да слезе од покривот траеа повеќе од два часа. Данската полиција соопшти дека конечно младичот се предал без да покаже отпор.
„Се претпоставува дека младиот маж сакал да се разнесе поради невозвратена љубов"- рекоа од полицијата.
Само лани Данска добила 21 000 молби за азил. Данската влада презема различни мерки, за да успее да се справи со зголемениот број на баратели на азил, кои влегуваат во земјата.
