Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Маж на покривот на Вестминстерската палата ја крена на нога полицијата

(ВИДЕО) Маж на покривот на Вестминстерската палата ја крена на нога полицијата

Лондонската полиција се распореди утрово околу дворецот Вестминстер - седиште на британскиот парламент - откако беше забележан маж кој се шета по покривот на историската зграда во центарот на британската престолнина, пренесува АФП.

Не е познат ниту идентитетот на човекот, ниту причините за неговото присуство на покривот. Според портпаролот на Скотланд Јард полицајците се обидуваат да најдат решение на инцидентот.

Би-Би-Си соопшти дека мажот на покривот бил сам и се движел многу мирно. Со раце во џебовите тој набљудувал случајни минувачи.

Покривот на Вестминстер веќе бил таргет за опасни акробации од страна на демонстрантите во различни пригоди, вклучувајќи ја и против изградбата на трета писта на лондонскиот аеродром Хитроу во 2008 година и акцијата на Гринпис минатата година.

Во дворецот Вестминстер се сместени Долниот дом и Домот на лордовите.

Слично

Поврзани вести