Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Маж со секира нападна луѓе во Германија - потекнува од бивша Југославија

(ВИДЕО) Маж со секира нападна луѓе во Германија - потекнува од бивша Југославија

Мажот е уапсен откако со секира повреди  неколку случајни минувачи на главната железничка станица во Диселдорф, соопшти полицијата.

Мажот влегол на линијата 28 на мрежата Rhein-Ruhr на S-Bahn синоќа во околу 20 часот и 50 минути по локално време и почнал да ги напаѓа патниците на станицата, а потоа продолжил кон минувачите на платформата.

Потоа почнал да бега преку шините, скокнал од еден железнички мост и наводно тогаш се повредил.

Полицијата информираше дека тројца од жртвите во нападот се тешко повредени, а другите поминале со полесни повреди. Осомничениот исто така е повреден.

Оттаму додаваат дека нема индикации дека се работело за терористички напад и дека човекот најверојатно има психички проблеми.

Претходно, портпаролот на федералната полиција рече дека се уапсени две лица и дека можно е другите напаѓачи да се во бегство. Подоцна беше соопштено дека уапсен е само еден осомничен, човекот со потекло од поранешна Југославија. Полицијата не трага по други напаѓачи.


Слично

Поврзани вести