Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) MAЖ СО ПОТЕКЛО ОД БОСНА УБИ ЧОВЕК ВО ФРАНЦИЈА: Го избодел во џамија, го снимал и видеото го испратил на колега

(ВИДЕО) MAЖ СО ПОТЕКЛО ОД БОСНА УБИ ЧОВЕК ВО ФРАНЦИЈА: Го избодел во џамија, го снимал и видеото го испратил на колега

Оливие Х, француски државјанин по потекло од БиХ, уби муслиман во џамија во јужна Франција. Се работи според медиумите за лице од христијанско семејство. 

Во петокот, на 25 април, Оливије Х. десетици пати избодел млад човек од Мали – Абубакар(23), а сето тоа го снимил на телефонот, го испратил на колега и побегнал.

Напаѓачот уште е во бегство. Тој е роден во 2004 година во Лион, Франција и добивал социјална помош, а бил познат по тоа што многу време поминувал играјќи видео игри, пишува „Паризиен“. Нападот се случил во 8:30 часот во гратчето Гран-Комб, во близина на Монпеље во јужна Франција.

Напаѓачот не ја познавал жртвата и претходно немал проблеми со законот. За време на нападот ја снимал жртвата и упатувал исламофобични навреди, па истражителите не исклучуваат расистички или верски мотив. Во моментот на нападот во џамијата биле само жртвата и напаѓачот. Откако првично се молел со него, напаѓачот ја избодел жртвата околу 50 пати пред да побегне.


Слично

Поврзани вести