Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Маж се самоуби во џамија во Мека

(ВИДЕО) Маж се самоуби во џамија во Мека

Мaж скокнал од покривот на светата џамија во Мека, информираше локалната полиција.

Саудиската новинска агенција СПА објави дека странски државјанин скокнал од покривот на џамијата во Мека и починал на самото место. Турскиот весник „Дејли сабах“ објави снимка од трагичниот инцидент.

Човекот извршил самоубиство во петокот навечер, објави СПА. Неговото тело веднаш е пренесено во локалната болница, по што започнала истрага за инцидентот и можните мотиви. Според извештаите, ниту еден од насобраните верници не е повреден.

Инаку, снимката покажува човек кој паѓа во толпата луѓе неколку метри од светиот камен Ќаба. Иако неговиот идентитет не е откриен, а „Дејли тајмс“ вели дека станува збор за човек на возраст од 35 години.  „Дејли сабах” ги цитира локалните медиуми дека се работи за 26-годишен француски државјанин кој го прифатил исламот. 


Слично

Поврзани вести