ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МАЖ ПУКАЛ ВО НЕГО И ПОБЕГНАЛ: Убиен е украински разузнавач

(ВИДЕО) МАЖ ПУКАЛ ВО НЕГО И ПОБЕГНАЛ: Убиен е украински разузнавач

Висок функционер на Украинската безбедносна служба (СБУ), Иван Воронич е убиен денес во населбата Холосиевски во Киев.

Претходно денеска полицијата пријави пукање во областа, велејќи дека полицајците пронашле тело на лице со смртоносна рана.

„Украинска правда“, повикувајќи се на неименуван извор од СБУ, ја идентификуваше жртвата како полковник на СБУ, Иван Воронич.

На полковникот Иван Воронич, еден од клучните луѓе во разузнавачката служба на Украина му се приближил маж и испукал пет куршуми од пиштол, по што избегал од местото на нападот.


Снимките од безбедносните камери јасно го покажуваат напаѓачот како трча по улицата подалеку од местото на убиството.

Иван Воронич починал на самото место. Украинските разузнавачи веќе елиминираа дел од воените лица кои вршеа напади во Украина. Ги лоцираа и ликвидираа во Русија. 

ad
Слично

Поврзани вести