(ВИДЕО) МАЖ НАПАДНА ПОЛИЦАЕЦ ВО ГЕРМАНИЈА: Полицијата го застрела
Полицијата застрела маж на улица во Германија.
Германската полиција денеска на пладне била принудена да употреби оружје во центарот на градот Гумерсбах, откако маж ги нападнал полицајците пред влезот на една пекара. Според „Bild“, напаѓачот бил застрелан откако одбил да се предаде и физички нападнал еден од полицајците.
На снимката која ја направиле случајни минувачи, јасно се гледа како полицајците се обиделе да го совладаат напаѓачот, но биле принудени да употребат оружје откако тој побегнал и нападнал еден од нив.
Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот, но се претпоставува дека станува збор за средовечен маж.
Неофицијално, повредениот маж е пренесен во болница, а неговата состојба не е позната.
Ова не е прв пат во Гумерсбах да се случуваат вакви инциденти. Минатата година еден маж со нож нападна минувачи во овој град, а пред три години имало до обид за терористички напад во локален трговски центар.
фото принтскрин
#Gummersbach pic.twitter.com/FnLjpR1ilZ
— ErdKedz™V2 (@ErdkedzV2) November 14, 2023
