Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО Маж фрли јајца врз британскиот крал Чарлс Трети

ВИДЕО Маж фрли јајца врз британскиот крал Чарлс Трети

Врз британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила денеска на настан на северот на Англија посетители им фрлале јајца, а едно лице е уапсено.

Фрлените јајца паднаа недалеку од кралската двојка додека пристигнувале на традиционалната церемонија во Јорк, пренесува Ројтерс.

Иако јајцата паднале многу блиску до британскиот монарх и неговата сопруга додека пристигнувале на церемонијата во Јорк, на видеото се забележува дека тие не биле вознемирени од инцидентот.

Мажот беше приведен веднаш по инцидентот за време на традиционалната церемонија во северна Англија, поточно додека пристигнувале на церемонијата во Јорк.

На видеото подолу може да се забележи дека кралот и неговата сопруга делуваат многу смирено и покрај инцидентот. 



Чарлс, кој дојде на тронот во септември по смртта на неговата мајка кралицата Елизабета, моментално е на дводневна турнеја низ северна Англија.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести