(ВИДЕО) МАСОВНО УБИСТВО: Расте бројот на застрелани во Крим-убиецот си пресуди
Бројот на жртви во нападот на на колеџ во Крим пораснал на 20, соопштила министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова.
-Загинале 20 лица, меѓу кои 15 ученици и пет вработени на колеџот. Од 15 настрадани, 11 биле малолетни-рекла Скворцова, пренесе ТАСС.
Локалниот претставник Дијавер Мелгазиев изјавил за Тас дека сите жртви биле идентификувани.
Министерката навела дека се хоспитализирани 44 луѓе и дека се здобиле со „различен степен на повреди“.
Кко извршител на нападот е идентификуван студентот Владислав Росљаков.
Тој (18) поминал низ зградата на колеџот пукајќи во студенти пред да се убие , пренесе Ројтерс.
Властите соопштиле дека случајот го водат како масовно убиство, а не тероризам, на што првично се сомневало.
Рускиот истражен комитет наведува дека сите убиени во нападот страдале од прострелни рани, иако претходно имаше информација дека се случила експлозија на бомба од рачно производство.
Тридневна жалост е прогласена во Крим.
