(ВИДЕО) Масовниот убиец Чарлс Менсон (80) доби дозвола да се жени со 26-годишна девојка
Осумдесет годишниот масовен убиец Чарлс Менсон добил дозвола да се ожени со 26-годишна жена која во изминатите десет години го посетува во затворот во Калифорнија и се обидува да го ослободи.
Ефтон Елејн Бартон вели дека го сака човекот осуден поради убиство на седум лица вклучувајќи ја и актерката Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Поланск.
Датумот за венчавката засега не се знае, а двојката има време до почетокот на февруари да се венча.
Младенците имаат и слични лузни-тетоважи на челото. Таа има „Х“ а неговото „Х“ е претворено во свастика.
Менсон своето „Х“ го врежал на судењето за да покаже дека е избегнуван од друштвото.
Дозволата за брак е издадена на 7 ноември. Бартон позната под надимакот „Ѕвезда“ рекла за агенциите дека таа и Менсон ќе се венчаат следниот месец.
Знаејќи дека Менсон е осуден на доживотна робија за која може да бара условна дури во 2027 година, нему брачните посети му се забранети. А на прашањето зошто се венчава под такви околносто Бартон вели дека е заинтересирана да работи на неговиот случај и со венчањето за него ќе добие информации кои не им се достапни на лицата кои не се членови на семејството.
„Постојат некои работи кои може да ги направи само семејството“, рекла таа без додатно објаснување,
Менсон во 1972 со уште четири члена на своето „семејство“ е осуден на доживотна робија поради масовно убиство во 1969.

