Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ЕГИПЕТ: Уапсени се повеќе од 1.100 луѓе

(ВИДЕО) МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ЕГИПЕТ: Уапсени се повеќе од 1.100 луѓе

Повеќе од 1.100 луѓе се приведени по протестите во Египет.

Овој викенд имаше протести во неколку градови, при што е побарана оставка на претседателот Фатах ал-Сиси.

Стотици луѓе излегоа на улиците на Каиро и другите градови во петокот во знак на протест против корупцијата. Демонстрациите продолжија во саботата во Суец на брегот на Црвеното Море.

Меѓу уапсените се и некои истакнати опозициски фигури, портпарол на кандидатот за претседател на минатогодишните избори и добро познат писател.

Полицајците на самото место ги проверуваа мобилните телефони на граѓаните за сомнителните политички содржини. Сиси дојде на власт откако го собори претседателот и лидер на Муслиманското братство Мохамед Мурси, првиот демократски избран претседател на Египет, по масовните немири против Мурси во 2013 година.


Слично

Поврзани вести