Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Масовни протести на Западниот Брег против израелската интервенција во Газа

(ВИДЕО) Масовни протести на Западниот Брег против израелската интервенција во Газа
Бројот на загинати Палестинци во израелската воена операција во Газа надмина 800. Западниот Брег одлучи да се дигне на нозе и да ја покаже својата огорченост заради обновените насилства. Десетици илјади Палестинци маршираа од Рамалах, град на Западниот Брег, кон Ерусалим, за да го покажат своето незадоволство заради новите судири и израелските ракетни и копнени напади врз Газа во кои страда и цивилно население. Ова е најголем протест на Западниот Брег од 1980 година. http://www.youtube.com/watch?v=7RP0_66GTuI Дипломатските напори за прекин на судирот меѓу израелските сили и радикалното палестинско движење Хамас се зголемуваат. Судирот сега се заканува да се прошири и на Западниот Брег, кој не е под контрола на Хамас, туку на умереното движење Фатах. Но и на оваа територија синоќа во судир меѓу Палестинци и израелските сили загинало едно лице. Напорите на САД за прекин на огнот се фокусирани кон воспоставување на еднонеделно хуманитарно примирје најпрвин, а потоа за време на примирјето да се водат интензивни преговори за блокадата на Појасот Газа и другите спорни точки.  
Слично

Поврзани вести