Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МАСОВНA ТЕПАЧКА: Руски ветерани од Украина се степаа на улица

(ВИДЕО) МАСОВНA ТЕПАЧКА: Руски ветерани од Украина се степаа на улица

Руски ветерани од Украина се степаа на улица, a во тепачката учествувале и припадници на платеничката група „Вагнер“. 

Руските власти почнаа кривична истрага за масовна улична тепачка и пукање во градот Чељабинск за викендот.

На видеото објавено во локалните медиуми се гледа како група мажи со тап предмет тепаат маж што лежел со лицето надолу кон земјата. Некои од мажите носеле маски.

Подоцна група мажи облечени во црно пристигнале со два автомобила и почнале да пукаат кон првата група мажи, кои потоа побегнале.

Има уапсени, а се смета дека тепачката избила поради љубовен триаголник. Претходно, член на „Вагнер“ доби ќотек во рускиот град Ростов на Дон. Него го тепаа украински бегалци. 


Слично

Поврзани вести