(ВИДЕО) Маскирани лица ги урнале шаторите на „третиот Мајдан“ во Киев
Околу 100 непознати маскирани лица ги урнале шаторите на „третиот Мајдан“ во центарот на украинската престолнина Киев, објавија локалните медиуми.
Тоа се случило во ноќта наспроти понеделникот. Очевидци тврдат дека имало и повредени меѓу жителите на кампот, бидејќи напаѓачите воопшто не имале предвид дали во шаторите има луѓе или не. Украинските власти го испитуваат инцидентот.
Шаторите на централниот плоштад во Киев биле поставени во неделата. Учесниците во „третиот Мајдан“ сакале извештај од претседателот Петро Порошенко и од премиерот Арсениј Јаценјук за извршените реформи од доаѓањето на власт. Жителите на кампот најавиле дека ќе останат во шаторите, додека нивните барања не бидат исполнети. Организаторите предупредија дека ако шаторите бидат отстранети, нивниот број ќе се зголеми, како и дека ќе дојдат уште луѓе на плоштадот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ZPppdGHf3Fw[/embed]1200 Украинци се во бегство од почетокот на конфликтот во источна Украина, изјави украинскиот претставник во подгрупата за хуманитарни прашања кон тројната контакт група за Донбас, Ирина Герашченко. Според неа над 300 Украинци се во заробеништво во источна Украина или во Русија.
