(ВИДЕО) Масакар во Украина: десетина мртви во напад на Горловка
Во Горловка, едно од огништата на проруските сепаратисти на 45 километри северно од Доњецк, убиени се 13 цивили, вклучувајќи две деца јавува регионалната управа. Тој број не е конечен, а настрадале и неколку војници.
Загинало момче кое има година дена и девојче од пет години, пренесува „Раша тудеј“.
Неколку локални новинари известуваат дека на улиците има повеќе од 30 мртви.
Илјадници домаќинства немаат електрична енергија и вода, а улиците воглавно се пусти.
Претходно портпаролот на украинската војска јави дека се исфрлуваат ракети на стамбен копмлекс во Горловка.
Една мештанка телефонски за агенцијата Франс прес изјавила дека на нејзе и други луѓе кои се на пазарот во самопрогласената Народна република Доњецк им рекле дека треба да го напуштат тоа место и дека 20 минути подоцна слушнале ракети.
Претходно украинскиот Национален совет за безбедност и одбрана наведе дека украинските сили уништиле неколку бунтовнички блокади и дека се наоѓаат над Горловка, градот со 258 000 жители.
Украинската војска го претстави враќањето на Горловка како важна етапа во напредувањето кон Доњецк, главниот град на оваа источна област и огниште на сепаратистите.
ВНИМАНИЕ! Вознемирувачка содржина!