Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МАСАКАР ВО КАЛИФОРНИЈА: Брачен пар го извршил нападот, дошле подготвени?

(ВИДЕО) МАСАКАР ВО КАЛИФОРНИЈА: Брачен пар го извршил нападот, дошле подготвени?

Напаѓачите кои во нападот во Калифорнија убиле 14 лица, се идентификувани како Сајед Ризван Фарук и Ташфин Малик, соопштуваат претставници.

Полицијата навела дека е можно Фарук (28) и Малик (27) да биле венчани или верени.

Шефот на полицијата Сан Бернардин Џерод Бургуан соопштил дека Фарук, кој е роден во САД, присуствувал на забава во центарот Инланд, а потоа се вратил вооружен и почнал да пука.

Се верува дека тие двајцата биле единствени напаѓачи, а мотивите за нападот засега не се познати.

Во нападот се повредени 17 лица, потрагата за напаѓачите траела нешто повеќе од четири часа, десет повредени се во критична состојба, а убиени се и напаѓачите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AQw6vwKe7Ac[/embed]

Околу четири часа после нападот кој се случил вчера попладне по локално време (околу 20.00 по централноевропско време) полицијата која трагала за напаѓачите изрешетала едно црно теренско возило оддалечено околу три км од местото на нападот.

Во возилото се убиени маж и жена, облечени како командоси, кои имале пушки за гонење, рекол шефот на полицијата.

Нивните роднини им рекле на новинарите дека тие биле венчани.

Според наводите на полицијата немало повеќе напаѓачи во центарот. Полицијата не го знаела точниот број на луѓе кои го извршиле нападот, се говорело за двајца или тројца. Третата личност е видека како бега кај упадот на полицијата и напаѓачот е приведен, но Бургуан претходно рекол дека не е јасно дали тоа лице има врска со нападот.

Федералното истражно биро (ФБИ) разгледува повеќе можни мотиви за нападот, меѓу кои и тероризам.

„Дошле подготвени да го направат она што го направија, како да биле во мисија“, рекол Бургуан.

Локален полициски претставник изјавил за Си-Ен-Ен дека се верува оти осомничените во нападот користеле „калашникови“.

Нападот во центарот за социјални работи се случил за време на празничната прослава за вработените, не за корисниците на центарот. Тоа бил најтешкиот напад во САД, откако е извршен нападот врз школото во Њутаон, во Конектикат пред три години кога се убиени 26 деца и возрасни. Сан Бернардино, град во кој живеат околу 200 000 лица, се наоѓа 100 источно од Лос Анџелес.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AkNIrH4ZI4Q[/embed]
Слично

Поврзани вести