(ВИДЕО) Марсеј под опсада: Маскирани напаѓачи нападнале полицајци
Група на маскирани напаѓачи пукала на полицијата во Марсеј само неколку часа пред доаѓањето на францускиот премиер Мануел Валс во тој град на југот од Франција, јавува Раша тудеј.
Напаѓачите биле наоружани со „калашникови“, дознава Ројтерес.
Поради ова пукање уште 40 полицајци излегле на улиците на Марсеј, рекол за новинарите шефот на тамошната полиција Пјер-Мари Борникел.
„Маскираните луѓе вооружени со „калашникови“ пукале во правец на полициско возило“, рекол тој.
Фигаро пишува дека нападот нема врска со тероризмот ниту со посетата на Валс, туку дека станува збор за војна на нарко-картели.
Пукањето се случи пред да стигне воопшто премиерот Валс .
Франција уште не се опоравила од низата терористички напади во јануари, кои почнаа со масакрот во редакцијата на сатиричниот Шарли ебдо и завршиле со заложничка драма во еверјска продавница.
Tirs de Kalachnikov : forte tension cité de la... by LaProvence