Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Марсеј мета на терористички напад: Напаѓач со нож ликвидиран откако усмртил две лица

(ВИДЕО) Марсеј мета на терористички напад: Напаѓач со нож ликвидиран откако усмртил две лица

Засега непознат маж нападал денес со нож минувачи на железничка станица Сен Шарл во Марсеј, усмртвувајќи најмалку две лица, после што го убиле припадници на француските безбедносни сили „Сантинел“ , јавуваат француските медиуми.


Телевизијата БФМ наведува дека наводно се работи за тероризам.

Ројтерес пак јави дека напаѓачот при нападот извикувал „Алах акбар“ и напоменува дека нападот е изведен на главната железничка станица во јужна Франција.

Обвинителството ја потврдило смртта на напаѓачот кој според странски медиуми бил на возраст меѓу 17 и 20 години.


Француската полиција соопшти дека е во тек интервенција и ги предупреди граѓаните дека тој дел од градот треба да го избегнуваат.

Слично

Поврзани вести