Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МАПА: Руска телевизија објави кои градови можат да ги погодат Украинците со западното оружје

(ВИДЕО) МАПА: Руска телевизија објави кои градови можат да ги погодат Украинците со западното оружје

Руска телевизија емитуваше мапа на градови кои Украинците можат да ги погодат. 

Мапата ги истакнува регионите долж украинско-руската граница, вклучувајќи ги Белгород, Курск, Брјанск и Смоленск, како и цели подлабоко во Русија, како што се регионите Рјазан, Тамбов и Саратов. Мапата ги вклучува Москва и Волгоград.

Додека САД ја тестираа ракетата Минутмен која може да стигне од Калифорнија до Москва и до Пекинг за 30 минути, руската државна телевизија емитуваше мапа на Русија на која се прикажани областите кои Украина наводно може да ги нападне со западното оружје.

Руските воени блогери го повикуваат претседателот Владимир Путин да ја промени воздушната одбрана на земјата откако украинските сили ги оштетија познатите руски системи за воздушна одбрана С-300 и С-400 во Белгород.

Украина може да користи западно оружје за цели во Русија. Руската инвазија на Украина почна пред две години и три месеци. 


Слично

Поврзани вести